Одбележана Недела на промоција на хумани вредности

„Приказна за една идеја“ е насловот на претставата која што синоќа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, ја изведоа волонтери од општинската организација на Црвен крст.  Претставата во која што учествуваа ученици од македонска и албанска националност, е по повод Недела на промоција на хумани вредности, која се одбележува од 21-ви до 27-ми септември.

-Пораката која ќе ја пренесеме е повеќе толераниција, мир и соживот меѓу граѓаните вклучени се деца и волонтери од албанска и македонска националност. Повикани се средношколци профеосори и сите граѓани кои сакаат да дојдат да гледаат-истакна Сања Росевска од Црвениот крст – Куманово.

Професорката Илина Реџепи, информираше дека децата од двете националности годинава имале можност заедно да изработуваат народни носии за училиштето Перо Наков, но воедно и да сорабуваат, да се дружат и научат нешто ново.

-Оваа програма промовирање на хумани вредности се спроведува во сите градови низ Македонија така што јас сум веќе трета година како дисеминатор и имам многу добро искуство работејќи со децата. Ова е многу добра можност и за мене и за општеството и за волонтерите посебно бидејќи целта на оваа програма е да создадеме кај децата дијалог на интеркултура и да соработуваат меѓу себе Албанци и Македонци-нагласи таа.

Општинскиот Црвен крст традиционално секоја година со низа активности ја одбележува Неделата на промоција на хумани вредности.

Коментари

коментар(и)