Одбележани 78 години од формирањето на Трета МУБ во Жегљане

Пред спомен плочата во училишниот двор во Жегљане, во саботата, изминатиов викенд беа одбележани 78 години од формирањето на Третата Македонска ударна бригада во селото. Третата Македонска ударна бригада била формирана на 26 февруари 1944 година од баталјонот „Стив Наумов“ и кумановските баталјони „Јордан Николов – Орце“ и „Христијан Тодоровски – Карпош“.

Свежо цвеќе пред спомен плочата положија претставници на Сојузот на борци од Куманово, општината, здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав и граѓани- продолжувачи.

Одбележувањето, традиционално го организира Општинскиот одбор на Сојузот на борци од НОВ ( 1941-1945 година).

Коментари

коментар(и)