Во Куманово наскоро ќе се одржи бизнис саем на производители

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денеска потпиша меморандум за соработка со претставниците на Еуростеп ДООЕЛ Скопје, со кој се утврдува рамката за реализирање на соработката, со цел „Организација на бизнис саем за производители во Куманово”, во чиј состав е вклучена организација на бизнис саем и форум.

Ваков настан ќе доведе до унапредување и подобрување на бизнис околината и заедницата на локално ниво и пошироко, овозможувајќи промоција на правните лица, деловното работење, како и презентирање на нови бизнис идеи и концепти, едукација, поттикнување на меѓусебна соработка, инвестиции и проширување на пазарот, како и стекнување на видливост и препознатливост на брендовите, со потенцирање на произведувачи и компании од Општина Куманово-напиша на „Фејсбук“ градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Коментари

коментар(и)