Одбележан „Европскиот ден на јазиците“

Со специјалитети од англиската, француската, италијанската и германската кујна и културно уметничка програма, во основно училиште 11-ти октомври денеска се одбележа 26-ти септември, Европскиот ден на јазици. Во рамки на манифестацијата учениците зборуваа за културата и традицијата на четирите европски држави. Инаку 11-ти октомври е единствено училиште во градот кое што нуди можност за изучувањето на четири странски јазици.

-Децата стекнуваат основи на странски јазици кои подоцна ги надоградуваат и се обидоа на еден креативен начин да ги претстават културата, музиката и интересена храна и кујна. Интересот за изучување на јазици е огромен, за сите јазици е подеднакво добар, така што им нудиме можност да го изберат оној јазик кој што најмногу го сакаат и подоцна да го употребат во животот-истакна Маја Ристиќ Кипријановска наставник по италијански јазик.

Учениците наведоа дека сакаат да ги изучуваат овие јазици и да запознаваат различните култури.

Инаку во манифестацијата е вклучен и Центарот за ран детски развој, кој функционира повеќе од една година во училиштето. Центарот во којшто се запишани деца од три до пет години, го посетуваат волонтери од Португалија и Франција.

-Помагаат во работа со децата и го промовираат својот јазик и култура и моментално тие се на семиран во Белград. Центарот функционира секој ден со активности кои вклучуваат воспитно-огразовна настава и игровни активности преку кои децата учат. Немаат спиење и храна тука и затоа задружувањето е само два часа-наведе Верица Тодоровска, воспитувач.

Инаку досега во Центарот се запишани 45 деца, а во тек е упис и има слободни уште 20 места.

 

Коментари

коментар(и)