Одбележан празникот Св. Архангел Михаил, литургија служеше митрополитетот Григориј

Во храмот на Светите Архангели, во населба Карпош, вчера митрополитот кумановско-осоговски Григориј, служеше Света Литургија за празникот Собор на светиот Архангел Михаил и другите небесни бестелесни сили. На Светата Литургија народот се причести со светите Христови тајни, информираат од кумановско-осоговската епартија.

Воедно беа доделени и благодарници и одликувања на истакнати поединци и организации, за особен придонес во афирмацијата на Кумановско-осоговска епархија на Македонската Православна Црква Охридска Архиепископија, за сведоштво на Православната вера, и за несебично залагање во подигнувањето и изградбата на храмот на светите Архангели во Куманово.

Коментари

коментар(и)