Одземен златен накит на Табановце

Пронајдени и одземени повеќе парчиња златен накит и друга вредна стока на граничниот премин Табановце. Полицијата информира дека при преглед на автобус со македонска национална ознака, кај патниците С.Т.(22 години) од Тетово и А.С.(21 година) од Скопје пронашле и одзеле повеќе парчиња златен накит и друга вредна стока за која не поседувале документација. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)