Одличен интерес за саемот на книга

До сабота , ќе трае саемот на книга од издавачката куќа Полица на кој што читателите можат да купат книги со саемски попуст. На штандот пред градската библиотека „Тане Георгиевски“ изложени се седумдесетина наслови кои што воедно се и најпопуларните книги на издавачката куќа. На саемот е застапена и детската литература.

– Првпат сме во Куманово и сме изненадени од убавиот интерес така што се надевам дека ќе продолжиме со соработката со библиотекава и дека ова е само почеток. Претежно сме сконцентрирани на класика , како и на некоја помодерна класика , а имаме и детска литература, едноставно ги следиме светските трендови. Кумановци може да ги купат цените по намалени цени, презадоволни сме од одзивот и интересот, изјави Петар Андоновски, издавачка куќа Полица

Саемот кој што започна на 16-ти септември е отворен за кумановската читателска публика од 10 до 18 часот.

Коментари

коментар(и)