(ФОТО) Маргица Антевска е гордост на Куманово, одбележан 50-годишен јубилеј

Со изведба на најголемите хитови, во преполната сала на Центарот за култура, Маргица Антевска одбележа 50 години успешна музичка кариера. Освен неа пред кумановци, настапија и Ефто Пупиновски, Ристо Краповски со кого Антевска има дует, како и со Сефедин Бајрамов од Битола , потоа Нино Величковски,  Никола Давидовски,  Перо Христов и естрадниот уметник Дона од Москва.

 Пред присутните во Центарот за култура, се обрати секретарот при Општина Куманово, Десанка Стошевска, која истакна дека Антевска е гордост на градот.

-Со особена чест и задоволство вечерва сакам да ви се обратам и во името на градоначалникот на општината, и во мое лично име на Советот, општинската администрација да ве поздравам сите присутни. Куманово оваа година одбележува голем јубилеј, 500 години од своето постоење и со овој јубилеј се совпадна со уште еден голем јубилеј 50 години од уметничката кариера на нашата сограѓанка Маргица Антевска.  Нејзината богата уметничка кариера, нејзините безброј освоени награди, признанија, безброј освоени признанија на многуте фестивали во нашата држава и пошироко не прават горди што во нашиот град имаме таков музички уметник. Честитки за еден ваков јубилеј за во иднина, да и посакаме пред се добро здравје а уште многу успеси и одбележување на јубилеј.

Концертот е поддржан од Министерството за култура.

Коментари

коментар(и)