Одличен спортски викенд за СК „Тумба“

Неверојатен спортски викенд зад нас исполнет со многу активности и одлични резултати на спортскиот клуб Тумба. Најголемата радост ни ја донесоа Алексеј Стојановски и Ива Стефановска, велат од клубот. На Зелениот тениски турнир во организација на ТК Мондано од Скопје, Стојановски го освои првото место, додека Стефановска во својата конкуренција загуби во финалето и заврши како второпласирана кај девојчињата.

Пливачот Никола Трајановски имаше можност во Белград , Србија да настапи на силниот пливачки митимг „Трофеј Белград 2021 ” на кој пливаа големите имиња Велимир Стјепановиќ и Чаба Силаѓи. Нашиот Трајановски го делеа стотинки од финалето на 50 и 100 метри слободно на овој исклучително силен пливачки митинг. Трајановски после настапот во престолнината на Србија, ќе продолжи интензивно да се подготвува за државното првенство кое ќе се одржи на почетокот на месец јули.

И за крај да напоменеме дека нашиот клуб беше домаќин на Отвореното првенство за Ветерани кој се одржа од 19 до 21 јуни на тениските терени кај Спортската Сала во нашиот град. Во конкуренција 30+ победи Панче Арсов од Т.К Неготино, додека во категорија 50- триумфираше Есад Дачиќ од Т.К МТП од Скопје, укажуваат од клубот.

Коментари

коментар(и)