Одложена одлуката за предлог мерките за невакцинираните

Одлуката за предлог мерките за невакцинираните, за кои требаше да се расправа вчера, се одложува за наредната владина седница, поради вчерашната тешка сообраќајна несреќа во Бугарија.Со предлог-мерките се предвидува сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа и сите институции за одење на работното место да покажат потврда за примена најмалку една доза вакцина против ковид-19 или да имаат негативен ПЦР тест кој важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок. Оние кои го прележале вирусот ќе треба да приложат потврда за прележан ковид во изминатите 45 дена а доколку не можат да примат вакцина, ќе треба да имаат потврда од лекар специјалист.

Во средба со министерот за здравство Венко Филипче, синдикатите на работници побараа два платени слободни дена по вакцинацијата, а за оние кои не сакаат да се вакцинираат ПЦР тестирањето да биде на трошок на работодавачот. Покрај тоа, побараа рокот кога ќе започнат да важат мерките да биде продолжен на 15 наместо на 10 дена.

Коментари

коментар(и)