Одложено пошумувањето на Козјак

Планинарите од Здружението за планинарење и заштита на планини „Козјак 2013“ ја одложија планираната акција за пошумување на површините во Козјачијата кои летово беа уништени од катастрофалните пожари.

Како што информираат организаторите, акцијата не се откажува, туку се одложува поради лошите временските услови. Дополнително ќе биде утврден нов датум кога ќе се изврши оваа акција.

Коментари

коментар(и)