Одложен почетокот на втората фаза во БИБЛ за Куманово

Екипата на КК Куманово нема да патува за Израел, откако денешниот закажан натпревар од првата рунда во втората фаза со Хапоел Холон, се одложи.

Овојпат не се причина здравствените проблеми, тука вчерашните завршени квалификации за ЕвроБаскет. Раководството на КК Куманово уште пред 3 денови добило известување, па веќе се во подготовка за следниот дуел во домашното првенство – на мегдан доаѓа екипата на Еуро Никел.

Мечот е закажан за во сабота од 17:00 часот, а противникот има една рунда повеќе изиграно, каде беше успешен и моментално има учинок од 7 победи и 4 порази.

Коментари

коментар(и)