Одложен судскиот процес Цветковски-Заев

Се одложи денешното рочиште по однос на приватната тужба на Виктор Цветковски за неовластено снимање и објавување аудио снимки во кои  се обвинети претседателот на СДСМ, Зоран Заев, правното лице СДСМ и претседателот на општинската организација во Куманово Мартин Костовски. Тужените и уредно поканети како што беше истакнато на рочиштето, не се појавија во кумановскиот Основен суд, а одбраната на обвинетите го повлече предлогот за сослушување на третообвинетиот Мартин Костовски, требаше да биде сослушан на денешното рочиште, откако на претходната главна расправа  беа сослушани сведоците на одбраната Зоран Заев и Дамјан Манчевски.

 

Тужителот Цветковски  смета  дека обвинетите се обидуваат да добијат дополнително време со одлагањето на рочиштето за завршен збор, кое се закажа за овој петок.

-На денешното рочиште, видовме дека обвинетите немаат храброст да се соочат,посебно што беа закажани завршните зборови, не присусуствуваа .Слушнавме дека еден од обвинетите одбраната го повлекува,Мартин Костовски да даде свој исказ, тоа оди во прилог на она што и минатиот пат го кажав дека јасно е дека од нивните изјави минатиот пат произлезе признанието на делото, веројатно ценат дека сега  третиот обвинет може само дополнително да допринесе во делот на отежителни околности во делот  на извршување на кривичното дело кое го сторија. Подготвени сме во петок да го дадеме завршниот збор во делот на кривичниот прогон што го имаме  против СДСМ и првите луѓе на СДСМ кои што сметаме дека основано се осомничени за кривичното дело неовластено снимање и објавување на разговори“ –изјави Виктор Цветковски, тужител

Цветковски очекува да победат правото и правдата.

Виктор Цветковски, инаку генерален секретар на ГРОМ и поранешен функционер на СДСМ ги тужи Заев, Костовски и правното лице СДСМ за објавување разговори меѓу него и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска водени во 2013-та година меѓу двата круга од локалните избори.

 

Коментари

коментар(и)