Регулација на речното корито на Липковка

Ќе отпочне реализацијата на проектот за регулација на речното корито на Липковка, најавија денеска надлежните.  По поплавите во Куманово била извршена анализа по што е изработена физибилити студија за заштита на речното корито.

-Ќе биде финансиран заеднички од УНДП кој обезбедува еден поголем дел од средствата,Министерството за животна средина кој досега вложи осум и пол милиони денари и локалната самоуправа предвиде во буџетот 12 милиони денари.Целиот проект перспективно,проценета вредност некаде околу 700.000 илјади долари тој е уште во фаза на изработка,за неполни десетина дена очекуваме дека комплетно ќе биде готов проектот,ќе отпочне постапката преку УНДП,проектот ќе го води УНДП и проектната документација и надзорот и инвестицијата заеднички сите три институции и се надеваме дека до крај на летотот ќе биде завршен-изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.

-Еден од приоритетите на УНДП во оваа држава е да се намали ризикот од поплавите бидејќи гледаме дека поплавите се случуваат се почесто, а имајќи ги во предвид климатските промени се очекува ситуацијата дополнително да се вложува и оттаму тоа се вбројува во листата на нашите приоритети и благодарение на соработката со вицепремиерот, со министерот за животна средина и просторно планирање, со општината бевме во можност брзо да отпочнеме со проектни активности за исполнување на овие цели, изјави Луиза Винтон од УНДП

Со проектот се предвидува регулација на речното корито во должина од 1, 8 километри.

-Денеска имавме состанок со амбасадорката на УНДП,градоначалникот, и со министерот за животна средина. Ова е заеднички проект кој е за регулирање за реконструкција на речното корито на Липковката река,  проектот опфаќа должина од 1.8 км . Со овој проект придонесуваме за подобрување на стандардот на живеење на граѓаните кои живеат на тие населени места покрај речното корито, изјави Арбр Адеми , вицепремиер задолжен  за европски прашања

-Заеднички проект инициран од Сектератијатот за европски прашања, реализиран од УНДП и потпомогнат од општина Куманово и министерството за животна средина . Се работи за проект за уредување на речното корито и превенирање на ризикот од поплави на Липковка во должина од 1,8 километри,проект што ќе го конфинансирме сите три институции заедно кој што беше потреба на граѓаните на градот Куманово за превенција од поплави на налеслението кое живее покрај Липковка река, изјави Башким Амети , министер  за животна средина и просторно планирање

Надлежните очекуваат проектот да заврши во предвидениот рок со што ќе се превенира ризикот од евентуални поплави .

Коментари

коментар(и)