Во рамките на меѓународниот Еразмус+ проект „Одржливо инклузивно образование “, наставничките од Гимназијата „Гоце Делчев“, Јасмина Денковска, Тања Кировска – Георгиевска и Данијела Ивановска земаа активно учество на последната средба која се одржа во Истанбул, Турција.
Наставничките учествуваа во интерактивни дискусии и работилници, размена и примена на добри инклузивни практики при оформување на наставни планови и лекции, оформување на образовни резултати и платформа од проектот која ќе биде достапна за широка едукативна примена во наставата по сите предмети, како и меѓукултурна соработка и стекнување на нови пријателства.
Проектот претставува вредна можност за професионален развој, инспирација и надградба на капацитетите на секој наставник за одржливо и еднакво образование за сите ученици.
Во следниот период ќе бидат доработени и споделени финалните резултати од овој проект кои ќе произлезат од ова успешно партнерство, се вели во објавата на Гимназијата „Гоце Делчев“.
