Од денеска базенот е отворен за сите граѓани

Затворениот пливачки базен од денеска е отворен за сите граѓани. Истиот изминативе месеци имаа можност да го користат само учесници и членови на пливачките здруженија. Еден час рекреација во базенот, кумановци ќе ги чини само 100 денари. За капачите е задолжителна пливачка капа, која чини 200 денари. Надлежните информираа дека дозволата за рекреативно капење се одолжи поради законските обврски за примопредавање на објектот.

-Примопредавањето од општината на ЈП Чистота и Зеленило траеше еден месец додека не се услогласат сите законски и под законски акти и се она што е потребно за нормално функционирање. Од денеска ги повикувам сите граѓани кои се љубители на пливачкиот спорт имаат отворена можност од 8 до 22 часот работно време мислам дека сите оние што деновиве очекуваа да се вклучат во рекреативно пливање тоа може да го направат-истакна градоначалникот Зоран Дамјановски.

-На самиот базен е истакнато времето во кое можат граѓаните да се капат, бидејќи она што е основна програма за училиштата каде што има фиксирано од колку до колку се основните и средните а во другите се клубовите и граѓаните-посочи директорот на Чистота и зеленило Сашо Петрушевски.

Петрушевски додаде дека заинтересираните граѓани ќе имаат можност да набават неделна или месечна влезница.

 

Коментари

коментар(и)