По нешто повеќе од половина година, од денеска ќе се отвори за сообраќај мостот на реката Кумановка во Проевце на магистралниот пат Куманово – Свети Николе. Патниот правец беше затворен на почетокот на март поради санација на мостот, кој имаше сериозни оштетувања. Градежните активности започнаа во декември минатата година.
Реконструкцијата опфаќа санација на столбовите, менување на лежишта, санација на челичната конструкција, на отворената дупка на коловозот, бетонирање на нова коловозна плоча, нова хидроизолација, нови дилатации, нова еластична одбојна ограда и нови тротоари
Целосната реконструкција на мостот чини 59,7 милиони денари без ДДВ, односно скоро 936.000 евра.