Од полноќ поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84 % во однос на Одлуката од минатата недела.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 денар/литар, а малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемуваат за 1,00 денар/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 1,50 денар/литар.

Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 1,089 денар/килограм и сега ќе изнесува 37,019 ден/кг.

Коментари

коментар(и)