ОК ВМРО ДПМНЕ го обвини градоначалникот за непотизам

-Деновиве сме сведоци на уште еден случај на непотизам, на уште еден бесрамен чин од страна на градоначалникот и на неговото семејство. Зоран Дамјановски – Циц општина Куманово ја претвори во свој сопствен пашалак и се однесува како општината да е негова сопственост.

Имено, Марта Дамјановска, ќерка на градоначалникот Зоран Дамјановски, е сопственик на Приватна ординација за општа медицина, која Зоран Дамјановски си ја сместил во општинските изнајмени простории во домот за стари лица Зафир Сајто. Просторот во домот за стари лица е во сопственост на општина Куманово.

Дамјановски ординацијата на ќерка си ја сместил во Домот за Стари Лица ЗАФИР САЈТО. Зоран Дамјановски – Циц на својата ќерка и го отстапил на користење општинскиот имот од 175 м2 за наредните 10 години по 1.5 евро за м2. Жално. Додека граѓаните тонат во проблеми, Дамјановски и неговата ќерка си ја присвоија општината.

Ситуацијата во општина Куманово е очајна. Зоран Дамјановски се грижи единствено за своите лични интереси и ја запусти општината. Додека Дамјановски се богати и се однесува како паша во својот пашалак, граѓаните страдаат и живеат како во 19 век. На ваквото криминално недомаќинско владеење му доаѓа крајот.

Граѓаните сакаат модерна општина, наместо пашалак на Зоран Дамјановски – Циц, изјави Новица Ѓорѓевски, ОК ВМРО ДПМНЕ

Коментари

коментар(и)