ОК ВМРО ДПМНЕ: Општината не се грижи за учениците

-Деновиве сме сведоци дека на една голема грешка, нестручност и неодговорност на општината Куманово. Имено, најголемата општина се најде во ситуација да нема набавено нафта за основните училишта, при што децата не беа во можност  да посетуваат настава неколку дена.  Одговорна општина не смее да дозволи договорот  за набавка да истече, а во меѓувреме  да не го продолжи  со нов и на крај децата на минусните температури да слушаат часови  во не затоплени простории.

Загрижени родители интервенирале кај директорите, но сепак залудно. Градоначалникот не е во општината, а децата и општинарите во Куманово се препуштени сами на себе. Училишните простории неколку дена не се доволно затоплени, што може повторно да го интензивира ширењето на грипот. Денеска се набавени интервентни 7 тоно нафта, но сепак, срамот и неодговорноста не се забораваат туку така. Децата сепак ќе треба да го надоместат пропуштеното со часови и во неработни денови. Општината се повеќе и повеќе се глави во проблеми и скандали и се повеќе и повеќе на граѓаните им станува јасно дека градоначалникот  и неговата елита не се способни да раководат со овој град.

Да му порачаме на градоначалникот дека Куманово не е рулет па да го врти како сака, среќата но и поддршката на граѓаните  не се веќе на ваша страна, изјави Анета Шандева Доневска, ОК ВМРО ДПМНЕ , Куманово

Коментари

коментар(и)