Одбележани 145 години од раѓањето на Гоце Делчев

Во гимназијата Гоце Делчев денеска беа одбележани 145 години од раѓањето на херојот Гоце Делчев.  Пред бистата на Делчев во дворот на гимназијата цвеќе положија вработени во училиштето, делегации од општината, Советот, политичките партии, Сојузот на борци, Друштвото на писатели и слично.

-Денеска сме собрани да го одбележиме 4-ти февруари тоа е 145 години од раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев кој е воедно и патрон на нашето училиште. Прославата на овој ден е традиционална и овој пат беше збогатена со присуството на претставници од училиштето од градот  Дулен во Франција-истакна директорот Горан Димитријевиќ.

За ликот и делото на Делчев зборуваа учениците, кои истакнаа дека бил учител, револуционер и светла личност во македонската историја. Гоце Делчев е роден во Кукуш на 4-ти февруари 1872 година а загинал во Баница на 4-ти мај 1903 година.  Тој е македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 ти и почетокот на 20-ти век.

Коментари

коментар(и)