Можност за креативно изразување на младите преку „Воис ап“

Младите од градот викендов имаа можност да се запознаат со моќта на социјалните мрежи, како и алатките за промоција на идеи преточени во аудио, визуелни и аудио визуелни содржини, во рамки на проектот  „Воис ап“ односно Дај глас. На еднодневната средба која се одржа во просториите на универзитетот Еуро колеџ, тие имаа можност да следат еден вид предавање од еминентни професори по видео и аудио содржини, фотографија и графички дизајн.

-Во основа она на што сите ние во последно време повеќе реагираме а тоа се фоторафии, постери, кратки видеа она што е многу ефикасно во последно време тоа да бидат изразните средства преку кои ќе ги изразиме нашите ставови идеи, во врска со прашања кои не засегаат сите нас. Без разлика на тоа дали се работи за прашања кои се од локален интерес или од национален. Она што е многу важно е дека проектот е наменет за социјални медиуми фокусот е сите ние имаме можност да го изразиме своето мислење а знаеме дека на традиционалните медиуми не лесно се добива простор, односно телевизиите, весниците, печатените медиуми малку поитешко може секој од нас да креира содржини додека пак на социјалните медиуми сите ние сме креатори на она што сакаме да го презентираме-посочи Елена Величковска Николовска, извршен директор на VoiceUp.

Проектот досега имаше презентација во пет градови низ државата. Сите заинтересирани имаат можност да учествуваат, со тоа што ќе се регистрираат на веб платформата на Воис ап.

-Морам да кажам дека ова не е завршен настан ова е само последниот од градовите во кои што одиме на овие еднодневни настани меѓутоа завршниот настан ќе биде некаде на пролет, при крајот на април каде ќе се обидеме сите градови кои беа вклучени и ученици да ги претставиме она што го сработеле на еден настан каде ќе бидеме можеби физички раздвоени меѓутоа поврзани виртуелно преку оваа платформа која ја направивме за проектот-додаде таа.

За учесниците кои не можат да приствуваат на еднодневните средби е предвидено и е-училница.  Проектот е поддржан од УСАИД Македонија.

 

Коментари

коментар(и)