Територијалните противпожарни единици на општините Куманово и Старо Нагоричане во текот на вчерашниот ден интервенирале на опожарени оџаци.
Во првиот случај станува збор за пријава за опожарен оџак во населбата Перо Чичо, а пожарникарите од општина Старо Нагоричане со две противпожарни возила интервенирале во селото Челопек. Пожарот целосно бил изгаснат за околу три часа, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Инаку, за утре најавени се прекини на снабдување со електрична енергија на неколку улици во Куманово. Во периодот од 08.30 – 14.00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на улиците „Никола Карев“, „Живко Чало“, „Магдалена Антева“ и „Моша Пијаде“, а прекини ќе има и во населбата Доброшане и на дел од булеварот „Октомвриска револуција“.