Општината дел од проектот „Знаење, заштита и вреднување на старите јадра“

Општина Куманово како членка на Асоцијацијата на градови со културно наследство, заедно со градовите членки на асоцијацијата од Албанија и Асоцијацијата Места и градови со исклучителни вредности во Франција/ Sites & Cités ,а под покровителство на Моинистерството за надворешни работи на Република Франција учествува во Проектот „Знаење, заштита и вреднување на старите јадра“.

Овој двегодишен проект (2020-2021) има зацртано три цели: знаење, заштита и вреднување на културното наследство, што, пак, упатува на трансверзална работа за спојување на алатки за урбанизам на културнто наследство со сензибилизација на населението и на одлучувачите како и вреднување на места од интерес.

Во проектот учествува работна група составена од вработени во Секторот за урбанизам заедно со претставник парнер од НКЦ (Националниот Конзерваторски Центар) Скопје.

Коментари

коментар(и)