Општина Куманово со соопштение до пензионерите

Општина Куманово ги известува сите граѓани-пензионери на територијата на општина Куманово, кои се членови на Здружението на пензионери-Куманово дека Општината во соработка со Здружението ќе издаваат бесплатен билет за пензионери, кои примаат пензија до 11.000 денари. Мерката ќе можат да ја користат во деновите вторник и четврток, во наредните три месеци. За да можат да ги остварат своите права за користење на оваа мерка, заинтересираните граѓани треба да се информираат и да поднесат Барање до Здружението на пензионери-Куманово, кое ќе го менаџира процесот.

Коментари

коментар(и)