(ВИДЕО) Досега поделени над 30.000 картички за патарина за Срби

Цариниците од граничниот премин Табановце досега поделиле над 30 илјади картички за бесплатна патарина на српските државјани кои транзитираат низ Македонија.

Одлуката за бесплатни патарини, која е во знак на благодарност кон Србија за донираните вакцини, започна од 15-ти јуни.

На секоја од картичките има 760 денари, колку што чинат патарините во двата правца. Картичките остануваат во трајна сопственост на српските граѓани, кои можат да ги надополнат, со не помалку од 300 денари, при следен влез во државата.

Одлуката за бесплатни патарини за српски државјани ќе трае до 15-ти август.

-Секој што поминува ја добива оваа картичка тоа е еден добар гест на пријателство и соработка помеѓу двете земји-нагласи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Првиот човек на македонската полиција се осврна и на проблемот со системот One stop shop, кој не функционира, нагласувајќи дека системот ќе се врати но и унапреди.

-Овој договор предвидува контрола и на македонската и на српската полиција. Се прават анализи за да може да се воспостави правна рамка за да има само една контрола на излез и на влез. Во оваа прва фаза има подобрување, но не е она што можеме до крај да го очекуваме-дополни Спасовски.

Спасовски информираше дека за ваков проект се разговара и со другите држави од опкружувањето со цел во регионот да има подобро движење.

Коментари

коментар(и)