Општина Куманово ќе добие четири противпожарни возила – донација од Австрија

Советниците денеска ја усвоија и предлог -одлуката за прифаќање на донација.

„Станува збор за донација од Владата на Тирол, Австрија која се состои од противпожарно возило со скали. Ова е прва фаза, а во разговори сме за дополнителни три возила- донација од општина Инсбрук“, истакна Сунај Мустафа, раководител на сектор за правни работи во општина Куманово.