Отворена „Кока Кола Активна зона“ на градскиот кеј

Седмата „Кока Кола Активна зона“ , како продолжение на долгорочниот проект на Пивара Скопје  и компанијата Кока Кола , за промоција на активниот начин  на живот и добробит на заедницата официјално беше отворена вчеравечер на градскиот кеј во Куманово.  Втората од вкупно пет активни зони што годинава се донираат низ неколку градови  во државата ја отворија директорот за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје, Ламбро Патче, градоначалникот Зоран Дамјановски и професионалниот велосипедист Зоран Ристовски.

-Нема да застанеме се додека не им овозможиме и не ги мотивираме  сите наши граѓани колку што е можно почесто да спортуваат, да се рекреираат и да практикуваат активен начин нас живот и се додека не ја покриеме  целата земја со„  Кока Кола Активни зони “изјава Ламбро Патче, директор за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје

Проектот е започнат во 2012-та година и е дел од глобалната платформа на Пивара Скопје и на компанијата Кока Кола за промоција на активниот начин на живот. Спортско -рекреативната зона ќе биде под надзор на чуварска служба, рече Дамјановски.

-Ми претставува задоволство што денес Општина Куманово е домаќин на Пивара Скопје и на компанијата Кока Кола , дотолку повеќе што и нашата општина станува дел од големото семејство  градови во кои се реализира овој значаен проект, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Велосипедистот Зоран Ристовски од велосипедискиот клуб „Вело-М“ на своите сограѓани им ја потенцираше важноста од редовната физичка активност.

-Им порачувам на сите мои сограѓани да не ја испуштаат можноста за редовен спорт и рекреација бидејќи сега имаат одлични услови за тоа, изјави Зоран Ристовски , велосипедиски клуб „Вело-М“

И оваа „Кока Кола Активна зона“ се состои од најсовремена фитнес-опрема, односно пет професионални фитнес –справи и вратило, кои ќе бидат бесплатно достапни за користење на сите граѓани 24 часа.

Коментари

коментар(и)