Отворена 25-тата Меѓународна лесновска ликовна колонија

Љубителите на уметноста синоќа во Центарот за култура Трајко Прокопиев имаа можност да ја видат 25-тата Меѓународна Лесновска ликовна колонија, која што ја организираше Домот за култура Злетовски рудар  од Пробиштип. Присутните имаа можност да видат 25 дела на 16 автори од државата, но и Србија и Бугарија.

-Интересна колекција од 26 слики работени во техника масло на платно дел се инспирирани од непосредната околина каде што се творело тоа е околината на селото Лесново меѓутоа имаме и голем дел на слики кои се работени по некоја сопствена авторска инспирација тука се собрани повеќе генерации на сликари верувам дека дел од нашата публика ќе препознаат некои како што се Новица Трајковски, други автори кои на некој начин гостувале во нашиот изложбен простор-посочи  Роберт Цветковски, историчар на уметност во Центар за култура.

Директорката на Домот на културата Злетовски рудар од Пробиштип истакна дека ова е прва презентација на изложбата надвор од нивниот град.

-Учество земаа 16 уметници од кои 12 беа професионалци и 4 аматери, љубители на овој вид на уметност. Инспирацијата ја црпеа од живописноста на Лесново недопрената природа, карпестите предели и духовноста на манастирот кој цело време беше како духовна храна на нашите уметници. Колонијата траеше седум дена од 27 јуни до 3 јули целиот период го искористија во создавањето на уметничките дела. Инаку интересно е тоа што ја користеа целата околина на село Лесново и сликаа токму на местото каде што црпеа инспирација-посочи Марија Трајчева, директор на Дом за култура Пробиштип.

Изложбата е планирано да биде презентирана и во Кратово и Македонска Каменица, како и во Горни Милановац во Република Србија. Во Куманово ќе биде поставена до 1-ви март, по што кумановци ќе имаат можност да се запознаат со изложбата Жените фотографиите на Фото клуб Куманово.

 

 

Коментари

коментар(и)