Отворен ден во Централниот регистар

Во Централниот регистар во Куманово денеска се реализираше отворен ден, на кој граѓаните имаат можност да се информираат за прашања поврзани со услугите и работата на оваа институција. Стручниот тим заедно со директорката Марија Бошковска Јанковска одговараше на прашања поврзани со рабoтeњето на институцијата. Целта на отворениот ден е да станат подостапни за корисниците и да се отстранат сите административни бариери со кои се соочуваат бизнисмените при водењето бизнис.

-Да бидеме поблиску до граѓаните и до бизнис заедницата конкретно кај микро и малите бизниси бидејќи тие секојдневно се соочуваат со проблемите во нивната дејност. Начално целта ни е да се надминат сите административни бариери со кои што се соочуваат микро и малите бизниси како и за целата бизнис заедница. Најчесто прашања добиваме од областа на работењето на уписните промени во регистарот на годишни сметки, залог и лизинг и подвижни ствари како и од трговскиот регистар и регистарот на други правни лица-истакна Бошковска Јанковска.

Директорката на Централниот регистар посочи дека минатата година во државата се регистрирани нови 4.500 компании, од кои 271 се во Куманово. Според неа зголемиот број на правни субјекти се должи на подобрената бизнис клима во државата.

Отворените денови ќе продолжат и наредниот период, а претставници на Централниот регистар ќе ги посетат регионалните канцеларии во Штип, Кочани, Битола, Прилеп, Струмица, Охрид, Велес и Скопје.

 Тоа се 10 регионални канцеларии кои се за услуга на бизнис заедницата. Инаку од Централниот регистар истакнаа дека секојдневно се отворени за потребите на граѓаните.

Коментари

коментар(и)