Отворен повик за учество на маскенбалот „Батко Ѓорѓија“

Отворен е повикот за учество на групни или индивидуални маски за учесто на овогодишеното издание на маскенбалот Батко Ѓорѓија, кој ќе се одржи на 6-ти мај на градскиот плоштад. Манифестацијата како и претходните години ја организира Фондацијата за култура и спорт со поддршка на градоначалникот и Советот. Заинтересираните можат да се пријават до 28-ми април.

Фондацијата по електронски пат доставила и официјална покана до сите основни и средни училишта од Куманово, како и детските градинаки.

Но, со оглед на тоа дека маскенбалот „Батко Ѓорѓија” како манифестација е отворена за сите граѓани, од фондацијата охрабруваат да се пријават во што е можно поголем број, со групна или индивидуална маска.

Пријавата треба да содржи:

– Име на маската (поединечна или групна);

– Број на учесници (доколку станува збор за групна маска);

– Краток опис за маската или порака која преку истата се испраќа (за најава);

– Контакт (телефонски број и е-маил адреса);

Доколку при дефилирање и претставување на маската е предвидена кореографија, нужно е заедно со пријавата да се достави и аудио верзија од песната која што ќе го следи  настапот.

Пријавите може да се достават по електронски пат на fondacijazakulturaisportkumanovo@yahoo.com или во писмена форма, до Фондација за култура и спорт “Куманово”.

 

Коментари

коментар(и)