Откриено украдено возило на Табановце

Полициски службеници на граничниот премин Табановце, вчера го привеле Л.Е.М.Ј. (30 години ) од Шведска затоа што по извршена пасошка контрола и проверки, било констатирано дека возилото „бмв х5″ со шведска национална ознака, кое го управувал, евидира како украдено во база на податоци на Интерпол. Лицето и возилото биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, информира Министерството за внатрешни работи.

Коментари

коментар(и)