Отпочнуваат Велигденските празници

Православните христијани денеска го слават Велики четврток со што  отпочнуваат  и Велигденските празници.

Велики Четврток е ден од Страдалната Седмица. На овој ден се прави спомен на светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, Првосвештеничката натприродна молитва, и самото предавство на Христос.

Со многу обичаи и верувања е исполнет Велики четврток.  Главен обичај што се изведува на овој ден и со посебно внимание е вапцувањето на велигденските јајца. Според обичајот најпрвин се вапцувале три јајца, а потоа и другите. Првото јајце било наменето на Господ и се викало Господово јајце, второто на домаќинот ‒ главата на семејството, а третото на стоката и бериќетот. Особено повеќе обичаи и верувања се поврзани со јајцето првак за кое се верува дека има магиска моќ. Тоа подоцна стои пред иконата, со него се враќа облак, се лекуваат болести кај луѓето и стоката, тоа заштитува од пожар, гром и сл.

Коментари

коментар(и)