Велигденски концерт организира Центарот за култура

По повод големиот христијански празник Велигден, Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ организира голем концерт, кој ќе се одржи утре во 20 часот пред платото.  Кумановци ќе имаат можност да уживаат во настапот на Мартинијан Кириловски, Ивона Јовановиќ, Милена Митковска, Маргица Антеска, Александар Богдановски, Боби Серафимовски, Мартија Станојковиќ и Боби Амадеум, кои ќе бидат придружувани од групата Милениум.

– Оваа година идеата ни беше да ги почестиме нашите сограѓани, публика која не следи во сите програмски активности со еден велигденски концерт за кој се надеваме дека ќе стане традиционален. Ги покануваме сите сограѓани утре во 20 часот се надеваме на убаво време тука пред платото, доколку не е убаво времето тогаш во големата сала.

Концертот со своите настапи ќе го збогатат и Мак денс студио Ултра, танцов клуб Динамик и културно уметничкото друштво Срма, а за хумор и смеа ќе се погрижат актерите од Нема љутиш.

-Ќе искористам приликата да им се заблагодарам на сите што учествуваат бидејќи со својот бесплатен настап дадоа придонес за оваа наша манифестација и допринесоа влезот да биде слободен, отворени се вратите за нашите сограѓани. Се надеваме дека интересот ќе биде голем, бидејќи не е многу честа можност да се видат кумановските пејачки ѕвезди на едно место-посочи тој.

Медиумски покровители на настанот се телевизија Плус, К3 и радио Бум.

 

 

Коментари

коментар(и)