Оштетен автомобил на автопат близу Куманово

На магистралниот пат Куманово – Старо Нагоричане е оштетен автомобил откако камења испаднале од приколка на камион кој се движел пред него. Случајот бил пријавен во Регионалниот центар за управување со кризи (ЦУК) во Куманово.

„На бројот 195 во текот на денот добивме една пријава од граѓанин дека додека се движел на магистралниот пат од Куманово кон Старо Нагоричане од камион на фирмата „Бетон“ паднале неколку камења и било оштетено патничкото моторно возило, но немало повредени“, соопштуваат од ЦУК.

Случајот бил пријавен во СВР Куманово.

Коментари

коментар(и)