Оштетен билборд со промотивен политички материјал на коалицијата „ За подобра Макеодонија“ изминатиот викенд е регистриран на булеварот „Октомвриска револуција“ . Сторителите се уште не се познати, а искинатата плаката била забележана од членови на ВМРО ДПМНЕ. Од партијата сметаат дека СДСМ својата немоќ и свесност од загуба на претстојните избори ја изразуваат со нецивилизирано однесување.
– Деструктивната кампања на СДСМ продолжува и во текот на кампањата, затоа што немаат реална програма со која ќе излезат пред граѓаните да ја побараат нивната поддршка, како и поради тоа што ги очекува убедлив пораз на претстојните избори. Нашите политички противници оваа своја нервоза ја демонстрираат на нецивилизиран и вандалски начин. ВМРО-ДПМНЕ веќе укажа на злоупотребата на јавните претпријатија во изборната кампања од страна на СДСМ за што веќе се преземени мерки за институционална разрешница и санкционирање – изјави Марио Цветковски, кандидат за пратеник
Случајот е пријавен во полицијата. Членството на ВМРО ДПМНЕ очекува расветлување на настанот.
– Ги повикуваме сите надлежни институции како и меѓународните и домашните организации а особено министерството за внатрешни работи да го расветлат и санкционираат ваквото однесување особено што министер на ова министерство е од редовите на СДСМ задолжен за фер и законско спроведување на изборниот процес, изјави Марио Цветковски, кандидат за пратеник
Освен рекламниот билборд на ВМРО ДПМНЕ , деновиве биле оштетени и билборди со промотивна политичка содржина на ДУИ.