Неколку обиди за криумчарање на стока

Мобилните царински тимови на граничниот премин Табановце спречиле обид за криумчарање 134 паковки лекови, и 100 килограми тутун за воедено луле со вкупна вредност од околу 195 илјади денари. Царинската управа на Република Македонија информира дека минатата недела, тутунот бил откриен при контрола на српски камион, управуван од српски државјанин, пријавен за излез од државата. Непријавениот тутун, пронајден во 6 најлонски вреќи, сместени под долниот кревет и на горниот кревет, во кабината на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесена кривична пријава. Покрај тоа, откриена се и повеќе обиди за криумчарање разна стока, односно цигари, облека, памучно предиво, моторцикл, поолиетиленска фолија, делови за дигитална вага, баркод печатач и водомери. Мотоциклот Марка КТМ Крос, бил откриен при контрола на македонски автобус, што сообраќал на редовна линија меѓу Италија и Македонија, пријавен за влез во државата.  Истиот  расклопен на делови, бил пронајден во три кеси и една торба сместени во багажниот простор на автобусот.  Привремено задржан а против сопственикот, македонски државјанин кој патувал со автобусот, ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Инаку и СВР Куманово поднесе кривична пријава против 34 годишен жител на село Гошинце, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и „даночно затајување“, информираше Министерството за внатрешни работи.  На 7-ми јуни годинава околу 18 часот од страна на полициски службеници на локалниот пат за село Гошинце било запрено товарно моторно возило марка „Ивеко“, управувано од пријавениот, во кое при извршен преглед биле пронајдени 42 вреќи со текстилна стока во која имало спортски дресови од големи брендови, означени со фалсификувани логоа, со вкупна вредност од над милион ипол денари,  за кој пријавениот знаел дека се прокриумчарени во Република Македонија, со што избегнал плаќање на давачки по основ на царина, акцизи и данок во износ од над 250 илјади денари.

 

 

Коментари

коментар(и)