Оштетен мост опасност во Проевце

Жителите на Проевце секојдневно поминуваат по оштетениот и небезбеден мост кој се наоѓа на влезот на селото, поточно во близина на Кумановската бања.  Тие не помнат кога мостот бил реновиран, а додаваат дека постојано го уништуваат несовесни возачи. Велат дека стравуваат за децата, кои одејќи кон училиштето  поминуваат покрај оградата која што е урната, бидејќи може да се случи да паднат директно во кумановската река.

-За деца е премногу опасно, тие одат на училиште, мали се, можат во секој момент да паднат да се удават-велат тие.

Претседателот на месната заедница на Проевце, Аце Петковски истакна дека досега неколкупати сакале да ги запознаат надлежните со овој проблем, но за жал нивниот обид бил безуспешен.

-Мислиме дека од финансиска гледна точка, не е голем, со мала вредност е  а би било добро за сите граѓаните, општината. Подолг период но етапно е тоа се со сообраќајки, со возила, така што еден поголем период е.  Делумно е осветлено, еден мал дел кај паркот, инаку кај бањата не е осветлено, дел кај борчињата доаѓа до дефекти често-истакна тој.

Жителите апелираат до надлежните што поскоро да направат комплетна реконструкција на мостот и да се изгради пешачка патека.

Коментари

коментар(и)