Паднал тврд предмет од зграда, повредил кумановец

Дваесет и петгодишно лице се здобило со повреда, вчера на градскиот плоштад во Куманово, откако паднал тврд предмет од зграда, информира кумановската полицијата. Според пријавеното во СВР Куманово, настанот се случил вчера во 20.40 часот.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на настанот, а повреденото лице било пренесено во ЈЗУ Општа болница Куманово за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)