Пакетчиња од општината за хоспитализирани деца

И денеска продолжи традициналното подарување новогодишни пакетчиња од градоначалникот на општина Куманово. Околу 40 пакетчиња утрово беа доделени на дечињата кои што се хоспитализирани на детското одделение во болницата , но и децата кои што примаат дневна терапија.

– Ова е моја матична установа во која работев работев повеќе од 25 години, посетивме и поделивме околу 40 пакетчиња на деца кои што се хоспитализирани и се во дневна болница, и оставивме пакетчиња за децата кои што во текот на денот ќе дојдат на детското одделение заради примање на некоја терапија. Од име на општината и од мое лично име посакувам успех на детското одделние кое што има добар персонал со години, за разлика од другите одделенија детското оддеелние не се осипа, успеа да одржи еден релативен кадровски  баланс и на тој го задржа дигнитетот , се надевам дека ќе имаат успеси и во 2017-та година, изјави Зоран Дамјановски , градоначалник на Куманово

Дамјановски најави дека утре ќе бидат подарени пакетчиња на глуви и слепи лица,  а ги повика и сите граѓани да бидат дел од целодневниот новогодишен хепенинг на градскиот плоштад со почеток во 11 часот, во кој ќе бидат вклучени и децата со посебни потреби.

Коментари

коментар(и)