Усвоени програмите на „Чистота и зеленило“

Редовно и не селективно чистење на улиците и собирање на смет од страна на надлежните служби, бараат советниците од директорот на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“. Најголем дел од советниците сметаат дека хигиената во градот не е на задоволително ниво заради што претпријатието треба да преземе мерки, но и да поработи на едукацијата  на граѓаните и подигање на еколошката свест. Од директорот на вчерашната седница беше побаран одговор и дали веќе се поставени контејнерите за селективен отпад добиени од Пакомак. Петрушевски потенцираше дека контејнерите не се во функција затоа што претпријатието се уште нема добиено лиценца за работа од министерството за животна средина и просторно планирање. А што се однесува до хигиената, јавното претпријатие како што рече директорот работи речиси со полн капацитет. Освен досегашните 750 контејнери, поставени се и 400 нови, а се очекува да заврши постапката и за неколку возила, посочува Петрушевски.

Дел од советниците дискутираа и за дивите депонии во градот и околината. Додека тие сметаат дека надлежно за расчистување на дивите депонии е јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, директорот потенцира дека тоа не е нивна обврска. Според градоначалникот Зоран Дамјановски треба да подигне свеста на граѓаните за зачувување на животната средина.

Со 15 гласови „за“  беа усвоени извештајот за деловно финансиско работење „Чистота и зеленило“ за периодот јули – септември 2016 година,  програмата  за одржување јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2017 година и програмата  за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за наредната година.

Коментари

коментар(и)