„Од Куманово испративме јасна порака дека Македонија има јасна европска определба, но дека тој пат мора да биде пат на самоуверена, достоинствена и суверена држава“, истакна претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски, на втората панел-дискусија од националниот караван на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, што се одржа вчера во просториите на поранешен комитет.
Во рамки на панел-дискусијата, генералниот секретар на Движењето ЗНАМ, Горан Минчев, како и потпретседатедателот Борче Серафимовски говореа за реформските процеси во јавната администрација и земјоделството, нагласувајќи дека европската перспектива на Македонија е условена од изградба на професионални институции, економскиот развој и ефикасна администрација која е во интерес на граѓаните.
Караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжува во повеќе градови низ државата, како платформа за отворен разговор со граѓаните и заедничко обликување на визијата за Македонија, европска според своите стандарди, силна според своите институции и достоинствена во зачувувањето на своите национални вредности, велат од Движењето.