Од 24 до 29 јуни во Куманово престојуваше светски познатиот биоенергетичар Мухамед Омеровиќ, кој што во областа на алтернативна медицина има триесегодишно искуство. Омеровиќ изминатите денови излезе во пресрет на околу двесте граѓани со здравствени проблеми од целата држава. Со оглед на тоа што првпат доаѓа во Македонија, третманите беа бесплатни, но со претходно закажан термин.
Болки во рацете и нозете, спортски повреди, болки во стомакот, мигрена, хроничен умор, проблеми со синуси се само дел од здравствените проблеми кои Омеровиќ ги третира со биоенергија.
По потекло е од Зворник, Босна и Херцеговина, а живее во холандскиот град Ајндховен.
Со Омеровиќ разговараше Марјан Стошевски.