Пелистер поразен од Куманово

Кошаркарите на Куманово стигнаа до нова значајна домашна победа откако триумфираа над лидерот Пелистер со резултат 81-73. Охрабрени по убедливиот триумф над Работнички на последниот домашен меч, кумановци вчера одиграа на високо ниво, успевајќи да стигнат до значајна победа со која си ги зголемија шансите во трката за место во плејофот.

„Сино-белите“ беа подобар противник во поголемиот дел од натпреварот, а на одмор заминаа со предност од 39-32. Во третата четвртина имаа предност од најубедливи тринаесет поени разлика (57-44). „Пелистерци“ не се предадоа, конечно проработе нивниот напад кон крајот на третата и почетокот на четвртата четвртина, па битолчани за момент успеаја и да поведат преку Малешевиќ, кој максимално профитираше по неспортската лична грешка на Ливингстон. На крајот нашата екипа сепак одигра смирено и успеа да триумфира и да додаде нови бодови на своето конто.

Коментари

коментар(и)