Пензионерите од „Гоце Делчев“ мереа шеќер во крвта

Здружението на дијабетичари и огранокот на Здружението на пензионери од населбата Гоце Делчев денеска организираа акција за мерење на нивото на шеќер во крвта. За само еден часот шеќерот го проверија околу 40 пензионери.

-Огранокот на Здружението на пензионери од населбата Гоце Делчев организираше мерење на нивото на шеќер во крвта. Ние имаме многу добра соработка со Здружението на дијабетичари во континуитет секогаш кога имаме договорено го правиме за да видиме како во овие наши години се движи шеќерот, секој пензионер да си знае, преземе мерки има многу пензионери кои не знаат дека имаат шеќер и затоа ние ги организираме овие акции ќе продолжиме и понатаму. Задоволни сме од одзивот почнавме во 11 часот досега имаме 38 измерени очекуваме уште поголема бројка, минатата година имавме 78 мерења се надеваме и сега можеби и поголема бројка. Здружението на пензионери еднаш во годината организира еднодневен излет пред некој ден ние заедно бевме на екскурзија во Ќустендил, таа беше посетена од 50 пензионери, дијабетичари се со цел да се овозможи едно другарување, да прошетараат воедно исто така е добро секој кој има ниво на шеќер покачен да пешачи повеќе да се движи, шеќерот не е болест, но мора да се регулира-истакна Зора Ивановска, претседател на огранок на пензионери Гоце Делчев.

 

Коментари

коментар(и)