Пензионерите организираа шаховски турнир

По повод 8-ми септември, Денот на независноста на Македонија, Здружението на пензионери Куманово утринава организираше шаховски турнир. На истиот учествуваа пензионери од здружението, како и од огранокот од општина Липково.  Инаку учествуваа 14 натпреварувачи, а една партија шах траеше 20 минути.

-Имаме добри натправарувачи, но се случува некогаш да добијат, но и да изгубат-изјави Љубомир Димитриевски, член на комисија за спорт одмор и рекреација при Здружение на пензионери.

Натпреварувачите истакнаа дека им претставува задоволство што со овој турнир ќе го одбележат големиот државен празник, но потенцираа дека вакви манифестација треба да се организираат почестол.

-Штета за град што нема шаховски клуб, каде и помлади играчи би се занимавале со оваа игра. Не знам од кои причини градот не најде сили да обезбеди еден клуб, ние веќе сме играле и нашето е завршено, ова е чисто рекреација-изјави еден од натпреварувачите.

Инаку победникот ќе биде прогласен во текот на денот, а ќе добие пригодна награда.

 

 

Коментари

коментар(и)