Планинарски спортски клуб „Поларис“ од Куманово утре во периодот од 10 до 15 часот организира крводарителска акција во просториите на Општинската организација на Црвен Крст Куманово. Активноста е во соработка со Црвен Крст Куманово и Институтот за трансфузиона медицина.
Мотото на планинарската крводарителска акција е „Бидете хумани како што сте упорни на планина“.
„Ги повикуваме сите планинари, а и граѓани поединци од Куманово и од другите градови, кои сакаат да даруваат крв, да дојдат и да се приклучат на оваа отворена крводарителска акција Пријавувањето е задолжително на бројот 076 533 300“, објави ПСК „Поларис“.