Куманово утре ќе биде домаќин на големото финале на Суперкупот на Македонија „Драган Василев – Цевка 2026“. Кошаркарите на Куманово во спортската сала ќе се борат за трофејот против КК МЗТ Скопје Аеродром. Натпреварот започнува во 18 часот, а билети може да се купат во Агора тобако или онлајн на платформата МКтикетс.
„Ова не е само борба за трофеј. Ова се 80 години кошарка во Куманово – осум децении исполнети со традиција, спортска страст и генерации кошаркари, кои ја градат кошаркарската приказна на градот. Осум децении традиција, страст и љубов кон кошарката, одбележани со голем спортски натпревар. Куманово е подготвено за кошаркарскиот спектакл. Заедно да прославиме 80 години кошарка во Куманово“, напиша на социјалните мрежи градоначалникот Максим Димитриевски.