Одговарајќи благовремено на повикот од ФАО за изработка на постер во име на Светскиот ден на храната, стручната служба на ОУ „Кочо Рацин“ и не помалку стручното менторство на професорот по ликовна уметност, Далибор Јовановски, на талентираниот ученик Павел Милановски му ја донесоа првата награда во силна конкуренција. Ова не е прва награда за овој иден уметник, но да се преточи една сериозна мисла, како благодарност до земјоделците и работниците низ целиот синџир на снабдување со храна, на постер – е предизвик што ги прави горди не само родителите на Павел.