Повеќекратна загаденост на воздухот од дозволеното

Кумановци продолжуваат да се гушат од  загадениот воздух во градот. Во 4 часот утрово регистрирано е дури шест пати, односно 600 проценти повеќе загадување од максимално дозволеното. Граѓаните кои што деновиве отежнато дишат сметаат дека и локалната, но и централната власт треба да преземат мерки за намалување на загаденоста на воздухот , а со тоа и зачувување на здравјето на граѓаните.

За разлика од утрово , вчеравечер имаше 10 пати поголема загаденост на воздухот од дозволеното. Според мерењата во 22 часот  концентрацијата на отровните ПМ  10 честички беше  504 микро грами на метар кубен, а максимално дозволената е 50.

Во врска со загадувањето на воздухот, општинскиот штаб за заштита и спасување на вчерашната седница соопшти дека улиците нема да се прскаат со калциум магнезиум ацетат, како што најави претходно градоначалникот Дамјановски, туку загадувањето ќе се решава со засадување илјадници садници во градот и со формирање оџачарска служба која што ќе контолира дали домаќинставта два пати годишно ги чистат своите оџаци со оглед на тоа што се најголемите загадувачи на воздухот.

Коментари

коментар(и)